Огромна сума кеш пари најдени во домот на функционер на ДУИ близок на Груби.
Според повеќе медиуми во домот на екс директорот на Лотарија на Македонија Прпарим Бајрами биле најдени најмалку 50 илјади швајцарски франци.
Обвинителството со помош на МВР и на финансиска полиција преходно отворила предмет со кој Артан Груби се сомничи за нелегално издавање на лиценци за интернет коцкање.
Информациите од терен говорат и дека се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци ја напуштил земјава.
Неофицијално и двајцата се во Косово.
Финансиската полиција отвори истрага за набавката на апаратите за коцкање од страна на тогашниот директор на лотарија Прпарим Бајрами со која е оштетен буџетот за речиси 12 милиони евра.
Најнова поврзана вест
Правосудна трговија
Понуда до судот: Груби е подготвен да се врати во Македонија ако не добие притвор
ВЛТ апаратите беа сместени во објектот во Визбегово сопственост на Пуцко Петрол.
Според сознанијата биле порачани 825 апарати од кои инсталирани биле околу 300, а останатите не биле во функција.
Седум години без лиценца Лотарија овозможувала онлајн обложување.
Државната видеолотарија, во доминантна сопственост на Државната лотарија, не го испочитувала законот и ги пробила роковите, организирајќи интернет игри и по 01 јануари 2017 година.
Ова беше главната причина за истрага да отворат финансиската полиција и одделението за организиран криминал при МВР.






