Oгнот од светиниколското с. Немањица е многу широк но во овој момент населените места не се во опасност, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.



Од ЦУК велат дека на терен работат поголем број пожарникари, а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири.

Информираат дека денеска, со цел ставање под контрола на огнената стихија, од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер и три ер трактори на ДЗС. Телма