Пожарот што вчера избувна во шумскиот предел на Тиват е од огромни размери, а ветрот ги спречува пожарникарите да го локализираат и тој се шири од час во час. Според пишувањето на Вијести, 40 пожарникари од Тиват и Херцег Нови со десет противпожарни возила се уште го држат огнот во областа Кртола и не дозволуваат тој да се приближи до куќите во селото Радовичи и до луксузниот туристички комплекс Луштица Беј.
“Се недеваме наскоро да бидат активирани авиони и очекувам дека во борбата против огнот наскоро ќе бидат вклучени два “воздушни трактори” и еден “дромадер”, изјави утринава командантот на Дирекцијата за заштита и спасување Тиват Зоран Барбиќ.
Сега на потег е Дирекцијата за воздухопловство на Министерството за вонредни ситуации која треба да испрати авиони кои можат да помогнат во контролирање на пожарот, но за негово гаснење ќе треба и смирување на ветрот.
Пожарот е инаку е стасан на само пет километри од Тиват и продолжува да се приближува.






