Дојде септември и веќе во Македонија започна правењето на традиционалниот ајвар. Печење, лупење, мелење и неколку часови мешање се само дел од подготовката на еден ајвар.



Потребни состојки:

-10 кгр. црвени пиперки
-1 кгр. масло
-250 гр. оцет
-сол

Подготовка:

Измијте ги пиперките, извадете го семето и испечете ги. Иэлупете ги и ставете ги во цедалка да се цедат. Од како ќе се исцедат сомелете ги на машина за месо и ставете го оцетот во мелените пиперки. Во поголем сад ставете го маслото да се загрее добро (не да гори) и спуштете ги мелените пиперки, посолете по вкус. Пржете го од како ќе почне да врие 40 минути. Стоплете ги теглите во рерна и ставајте врел ајвар во врели тегли. 3атворете ги веднаш со капаци или целофан, завиткајте ги теглите добро и оставете ги до утредента да се оладат, кога ќе ги спремите на место каде што стоји зимницата.