Јамајканецот победи во трката на 100 метри на познатиот митинг “Златен шпаик” со, за него скромни 10.06, но публиката секако уживаше во моментот и во сета церемонија околу најголемиот спринтер во историјата. Јусеин Ботл кој има 8 олимписки и 11 светски злата е на простувачка турнеја од атлетиката, а тоа во Острава каде што се одржа 55. издание на митингот го проследија со одушевување. Покрај него од чешката публика се прости и британскиот среднопругаш Мо Фара, но овациите, сепак, му беа наменети, пред се, на неповторливиот Јусеин Болт.



 

https://youtu.be/dXisGKZQ3uo