Големата ѕвезда на Борусија (Дортмунд), Пјер Емерик Обамајанг е се поблиску до трансфер. Тој, сепак, нема да оди во некој од големите европски гиганти, кои покажаа интерес за Габонецот, туку во Кина. Според “Билд”, 28. годишниот напаѓач ќе премине во Тианџин за сума од 81. милиони евра. Самиот играч ќе добива плата од 500 илјади фунти неделно.



Во Тианџин планираат да формираат тандем Обамајанг и Антони Модест, кој исто така ќе биде купен во секој момент. Александре Пато и Аксел Витсел исто се играчи на тимот кој е предводен од Фабио Канаваро.

Пред еден месец Обамајанг беше на чекор од трансфер во Пари Сен Жермен, но во последен момент зделката пропадна. Реал Мадрид и водечките клубови од Премиерлигата исто покажуваа интерес за напаѓачот кој постигна 31 гол во 31 натпревар во Бундеслигата во последната сезона.