Обвинителката Лиле Стефанова која вршела надзор на предмет во кој претходно постапувала како надлежен обвинител се соочува со затворска казна до 3 години, тврдат искусни македонски кривичари.
Ако лажел дека не знае за овој факт со сличен проблем се соочува и државниот обвинител Љупчо Коцевски кој јавно тврдеше дека Стефанова не била и обвинител и надзор на ист предмет.
Според експертите кои засега не сакаат јавно да говорат и ќе почекаат да видат дали ќе има постапка, двајцата обвинители но особено Стефанова можат да бидат гонети за Несовесно работење во службата според Член 353-в од Кривичниот законик затоа што иако знаеле или требало да знаат дека Стефанова била обвинител на предмет на кој подоцна вршела надзор тоа не го спречиле и со тоа нанеле штета на други лица.
Казната за ова прекршување на законот е од 3 месеци до 3 години во затвор.
Според членот 353-в од Кривичниот законик – Несовесно работење во службата службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие или јавна установа кое со повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета,
ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
Во случајот нема докази дека Стефанова и Коцевски пријавиле имотна корист за себе но јасно е дека со вршење надзор на предмет каде што постапувала Стефанова очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на друг му нанесле штета.
Штета од ова несовесно работење имаат и обвинителите од Вишото јавно обвинителство за чии предмети е вршен надзорот но и лицата опфатени со најмалку еден од четирите предмети каде Стефанова по налог на Коцевски вршела надзор.
Ако обвинителството утврди дека Коцевски и Стефанова свесно вршеле надзор со цел преку притисок да запрат постапка за случајот ,,Бонусите на СЈО” каде таа е осомничена за сторено кривично дело и со тоа има и значителкна имотна корист обвинителката од поранешното СЈО се соочува со уште поголема затворска казна.
Доколку се утврди дека Коцевски и помагал во вршење на кривично дело за него има и други потенцијални членови од Кривичниот законик кои му се закануваат.
Доколку во оваа операција се вклучени и други лица лесно може да се случи за нив постапка да започне Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Државниот обвинител Љупчо Коцевски пред неколку дена јавно призна дека Стефанова му тврдела дека не била дел од предмет за кој вршела ревизија.
Expres.mk има докази дека Стефанова била обвинител во еден од предметите за кои вршела ревизија по налог на Коцевски.
Повеќе детали за скандалозната изјава на Коцевски со која се инкриминира и себе си и Стефанова:
Најчитани статии





