Андерс Брејвик, кој уби 77 луѓе во јули 2011 година, денеска ќе се појави пред суд за да побара предвремено ослободување од затвор откако помина повеќе од 13 години зад решетки.
Тој уби осум луже детонирајќи автомобил-бомба во Осло, а потоа уште 69, главно тинејџери, во младински камп на островот Утоја.
Тоа ќе биде второ барање за условно ослободување на Брејвик.
Брејвик отслужува максимална казна од 21 година, која може да биде продолжена се додека се смета за закана за општеството.
Право да бара условно ослободување доби откако одлежа десет години затвор.
Неговото прво барање за ослободување, во 2022 година, беше неуспешно. На тоа рочиште Брејвик тврдеше дека го оставил насилство зад себе, но не се откажа од симпатиите кон неонацистите и рече дека ќе ја продолжи својата борба за превласт на белата боја преку мирни средства.
Покрај тоа, Брејвик се обиде да ја тужи норвешката држава, тврдејќи дека држењето во изолација ги крши неговите човекови права.
Неговиот последен обид за промена на условите на притвор беше одбиен минатиот јануари.
Жалбата на Брејвик ќе биде разгледана во декември.






