Норвешка, Шведска и Финска делат брошури со совети „што во случај на војна“

Милиони Швеѓани почнаа да добиваат брошури со совети за населението како да се подготви и да се однесува во случај на војна или други неочекувани кризи.



Брошура од пред шест години, е одново ажурирана поради, како што стврди шведската влада, влошена безбедносна ситуација, осврнувајќи се на руската инвазија на Украина. Брошурата е сега е двојно поголема, пишува Би-Би-Си.

Норвежаните, исто така, неодамна добија памфлет кој објаснува како да поминете сами една недела во случај на екстремни временски услови, војна и други закани.

„Испративме 2,2 милиони хартиени примероци, по еден до секое домаќинство во Норвешка“, рече Торе Камфјорд, кој е одговорен за кампањата за самоподготвеност во Норвешката управа за цивилна заштита (DSB).

Во брошурите има список на храна што треба да се има дома. Списокот вклучува храна која не се расипува, како што се конзервирани грав, енергетски производи и тестенини, како и лекови, вклучително и таблети со јод во случај на нуклеарна несреќа.

Шведска и Финска се приклучија на НАТО алијансата во последните две години, по руската инвазија.

За разлика од Шведска и Норвешка, владата во Хелсинки одлучи да не печати брошура за секое домаќинство бидејќи тоа „ќе чини милиони“, а дигиталната верзија може полесно да се ажурира.
Финска штотуку објави свои совети за „инциденти и подготвеност за кризи“ на интернет.
Во деталниот дел за воениот конфликт, финската дигитална брошура објаснува како владата и претседателот би реагирале во случај на вооружен напад, нагласувајќи дека финските власти се „добро подготвени за самоодбрана“.

За Швеѓаните, идејата за итна книшка не е ништо ново. Првото издание на „Ако војната дојде“ беше создадено за време на Втората светска војна и беше ажурирано за време на Студената војна.