Премиерот на Нов Јужен Велс Џон Бариларо ја повика Сојузната влада на Австралија „да се врзуми“ и да ја признае Република Македонија.



Говорејќи на прослава на православниот Божик организирана од македонска заедница пред присутните меѓу кои и амбасадорот на Македонија во Австралија, Веле Трпевски, вршителот на должноста премиер на Нов Јужен Велс Бариларо (втор од лево на фотографијата) ја повика владата на Австралија да го санкционира присвојување на историско име на Македонија.

Сега кога Грција и Македонија се подготвуваат да започнат уште еднни разговори за решавање на тековниот спор, австралискиот политичар одлучи да понуди мислење и да ја повикува Сојузната влада и за санкционирање на обидот за присвојување на историското име.

Тој изјави дека секогаш ќе ја признава Република Македонија и ќе побара од федералната влада да го стори истото.