Нов скандал со социјалните мрежи. 11-годишниот ученик од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп паднал од третиот кат на школото, за време на големиот одмор при вчерашната попладневна смена, соопшти директорката Снежана Котева. Претходно денеска, СВР Битола соопшти дека детето паднало од третиот кат. Неофицијално беше објавено дека му се слошило на големиот одмор меѓу часовите и го отворил прозорецот за да земе воздух.
Детето по падот било пренесено во болницата во Прилеп, од каде било транспортирано на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Тоа е во стабилна општа состојба и е вон животна опасност. Има скршени петици, отоци и повреди на пршлените.
- „Веднаш по известувањето за случката во училиштето отидовме на местото и ученикот беше во контактибилна состојба, свесен временски и просторно. Во истиот момент од моја страна е повикана единица за итна медицинска помош, која интервенираше веднаш. Потоа ученикот е транспортиран со амбулантно возило до Одделението за анестезија и трауматологија во Општата болница во Прилеп во наше присуство – мое и на класниот раководител“, соопшти Котева.
Од Итната помош во Прилеп рекоа дека поради сериозноста на повредите било пренесено на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

- „Екипата на Итна помош интервенираше веднаш, детето беше итно пренесено во одделението за анестезиологија при општа болница Прилеп. Детето беше најдено во полусвесна состојба, легнато беше во дворот. При направените соодветни испитувања се укажа дека детето има фрактура на коска на стапалото и сомнеж за фрактура на неколку прешлени на градите“, рече Боше Милошески, началник на Итна помош Причеп.
За време на дополнителните испитувања и транспортот за Скопје, директорката и класниот раководител останале да ја придружуваат мајката на ученикот. Доцна околу полноќ, од дежурниот лекар на Клиниката за детска хирургија добиле информација дека ученикот е во добра општа здраствена состојба, контактибилен, со одредени повреди, но е надвор од животна опасност и во стабилна здравствена состојба.





