Седница на парламентот на Нов Зеланд беше прекината откако пратениците на домородното население Маори организираа хака (воен танц) за да го попречат гласањето за спорниот предлог-закон за ново толкување на 184-годишен договор меѓу Британците и домородните Маори.
Хака е традиционален маорски воен танц, но исто така се изведува во различни прилики за да се изразат низа емоции – од пркос до славење.
Контроверзниот закон се смета за многу Маори и нивните поддржувачи како поткопување на правата на домородното население во земјата, кое сочинува околу 20% од населението од 5,3 милиони, јавува Си-Ен-Ен.
Првпат потпишан во 1840 година помеѓу британската круна и повеќе од 500 маорски поглавари, Договорот од Ваитанги одредува како двете страни се согласиле да владеат.
Пресудите на судовите и посебен маорски трибунал постепено ги проширија правата и привилегиите на Маорите во текот на децениите.
Сепак, некои тврдат дека ова ги дискриминирало недомородните граѓани. Партијата ACT New Zealand, помал партнер во владејачката централно-десничарска коалициона влада, предложи нацрт-закон ново толкување на договорот Вајтанги.





