Новогодишните куќарки поставени на плоштадот во Скопје за дочекот на Новата година излезе дека, според објаснувањето на Град Скопје, не биле новогодишни. Од таму дадоа објаснување дека нема да бидат тргнати во наредниот период затоа што биле планирани за настани.
- Kуќарките на плоштад не се новогодишни, тие имаат повеќе намени и активно се користат за промоција на настани и активности на училиштата во Град Скопје и останати институции, планирани во текот на целата година – тврдат од Град Скопје.

Пред четири месеци беа поставени, а уште никој не ги тргнува дрвените новогодишни куќарки кои Град Скопје ги стави на Плоштадот Македонија. Не се користат и го узурпираат просторот на најфреквентниот плоштад и нема одговор зошто куќарките поставени за продавање новогодишни украси уште стојат на истото место. Овие реквизити беа поставени на плоштадот на десетина дена пред Нова година. Празничните украси низ градот стоеја се до март.
Скопјани речиси се помирија со фактот во каков град живеат последниве години. Но, дали градските власти некогаш ќе се засрамат пред своите граѓани и пред посетителите за тоа колку не се грижат за Скопје?!





