Новиот помошник министер за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи кој е именуван на местото на Анета Станчевска е човек кој што со години бил премногу пасивен во врска незаконските мерки и чекори на МВР при спроведувањето на професионалните стандарди, обвинуваат негови колеги.
Според нив Дејан Андонов во најголем дел од владеењето на ВМРО – ДПМНЕ молчел за незаконските чекори на дел од припадниците на МВР иако можел да реагира како припадник на полицијата и познавач на состојбите и законите.
Андонов од владата е прикажан како професионалец кој долги години работи во МВР и тоа е точно велат негови колеги кои инсистираат на анонимност, но таквата квалификација повеќе се однесува кога се работи за работен однос и примање плата.
Кога се работи за осуда на неправилности на предходната гарнитура кон граѓаните Андонов не се покажал како таков а на душа му се става и тоа што не реагирал доволно и јавно на политичкиот прогон на ВМРО – ДПМНЕ кон симпатизери на СДСМ во МВР и на други професионалци кои што во последните десетина години биле на удар на вмровските кадри.




