Скендер Реџепи-Зејд, претседател на Народното движење и поранешен пратеник на Алтернатива на Африм Гаши, кој денеска потпиша со Али Ахмети договор за коалиција за изборите во рамките на „Европскиот фронт“, не толку одамна ги напаѓаше ДУИ и нејзиниот лидер за идеолошка поврзаност со Србија и Русија!
„Ќе ги замолам Али Ахмети и командантот ‘Полжав’ кои се високо на небото, за момент да се симнат на земјата затоа што животот на луѓето не се песни и хумор. Животите на луѓето се болка, тага, трагедија што ја сееја на земја 20 години и 20 години остана на небото со надеж дека ветерот ќе ги однесе таму каде што идеолошки им е местото во Белград или Москва затоа што албанските краишта им припаѓаат на албанските синови“, рече Реџепи на митинг во Чаир пред 2,5 години.






