Откако српските и босанските медиуми во неколку наврати го “испратија” во Македонија сега високиот американски дипломат според новинарите добива нова дестинација.
Според српските медиуми заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји треба да биде нов амбасадор на САД во Босна и Херцеговина.
Според дипломатски извори новите информациите велат дека Ји нема да доаѓа во Македонија туку треба да замине во Сараево.

Американската администрација ги негираше сите шпекулации за именување на Ји за нов амбасасор на Балканот.
Ји предходно бил дипломат во Солун и Загреб.





