Ракометарите на Вардар имаа извонреден, победнички старт во Лигата на шампионите. Бранителот на трофејот славеше кај Висла Плок со 26-22 во, веднаш да кажеме тешкото гостување во кое разликата во квалитет одлучи иако моменти и индивидуални блесоци пресудуваа. Црвено црните водеа низ целото прво полувреме кое го завршија со 13-9, но Полјаците изедначија на 15-15 на средина од вториот. Во тие мигови се виде големината на континенталниот првак кој поткренат од Арпад Штербик се одлепи на три разлика кои потоа беа под закана, но не беа стигнати. Голманот имаше 10 одбрани, Борозан 6, а Кристопанс 4 гола.
Мечот на Висла и Вардар 22-26 беше еден од седумте денеска во машкиот шампионски натпревар. Во условно, нашата А група Рајн Некар на Талевски одигра нерешено со Барселона на Ристовски 31-31, а Кире Лазаров со Нант тргна со победа против Пик Сегед 30-26. Во Бе конкуренцијата се одигра дербито Кил-ПСЖ 22-25.
Средби имаше и во составите Ц и Д. Скјер-Динамо Букурешт 39-28 и Горење-Адемар 23-22 се од третата, а дуелот на Бешикташ и Спортинг што заврши со 26-30 е од Д, уште една наша група.