Летовите за градот Катанија на источниот италијански остров Сицилија денеска беа прекинати по ерупција од блискиот вулкан Етна, соопшти аеродромскиот оператор, што им донесе нови проблеми на патниците во екот на летната туристичка сезона.
Етна, еден од најактивните вулкани во светот, доживува интензивна активност во последните недели, исфрлајќи жешка пепел и лава.
Аеродромот во Катанија веќе беше затворен претходно овој месец поради пепел во воздухот над областа.
Во соопштението за печатот се наведува дека властите донеле одлука „да ги прекинат сите влезни и појдовни летови“.




