НМ: Барањата од Семакедонскиот собор од 17.4.2022 во Мелник Бугарија да ги признае Македонците и да ја крене ЕУ-блокадата за РМ

„Ако Бугарија инсистира Бугарите во Македонија да влезат во македонскиот Устав, тогаш ќе мора и Македонците да влезат во бугарскиот устав и да бидат признати како национално малцинство со својот македонски јазик. Бугарија треба да ја укине блокадата пред евроинтеграциите на Македонија и да се воздржи од поставување какви било услови, кои не се во согласност со европските регулативи и пракса.“ Ова се дел од 12-те барања, содржани во Декларацијата, која ја донесе Семакедонскиот собор одржан на денешен ден, на 17 април 2022 година во Мелник, во Пиринскиот дел на Македонија, денес во состав на Бугарија, во спомен на убиството на еден од великите македонски водачи Јане Сандански се одржа денес во Мелник. – има објавено весникот „Нова Македонија“ во својата статија на тој ден. До денес тие барања воопшто не се исполнети.

„Нова Македонија“ има напишано: Семакедонскиот собор се одржа во Мелник на 17 април 2022 година во Мелник во спомен на годишнината на убиството на македонскиот војвода и еден од великите водачи на македонското револуционерно движење Јане Сандански. Бугарската вицепретседателката Илјана Јотова требаше да дојде во Мелник на Семакедонскиот собор организиран од седум организации на бугарски државјани со македонска самосвест, за да ги види стотиците Македонци, кои наспроти дождот сепак дојдоа да му оддадат почит на Јане Сандански.“ – велат во соопштение организаторите на Семакедонскиот собор.

Да ги види Илјана Јотова Македонците во Бугарија, за кои ниту чула, ниту ги видела. Истите оние, кои нејзината држава некогаш ги признавала. Истите оние, кои нејзината држава со децении ги дискриминира. Истите оние, кои веќе 32 години се мачат да регистрираат организации и партии во Бугарија. Истите оние, поради кои Бугарија е веќе 14 пати осудена во Стразбур. Истите оние, за кои пишуваат сите меѓународни извештаи за правата на човекот за Бугарија, вклучително и последниот на Стејт департментот на САД. Истите оние, кои повеќе од деценија попусто бараат средба со претседателот на Бугарија, кој ниту наоѓа време да ги прими, а ниту да им одговори.“– велат организаторите на Семакедонскиот собор.

Организаторите изготвија и Декларација, во која се бара да се признае македонското малцинство во Бугарија. Во неа се нагласува: Шеесет години македонското малцинство во Бугарија е предмет на систематска дискриминација, асимилација и маргинализација. Тоа им нанесе безброј страдања на Македонците и ги направи граѓани од втор ред во земјата, во која живеат и во земјата во која се родени. Оваа политика е неприфатлива за една цивилизирана и правна држава, членка на Европската Унија. Истата антимакедонска политика сега ги блокира македонските евроинтеграции со барања апсурдни и понижувачки не само за Македонија, туку и за Бугарија. Оваа политика сее омраза и ги труе животите на луѓето. Мора да престане.

Ги повикуваме бугарските власти:
1. Да се поништи одлуката на Уставниот суд од 29 февруари 2000 година и декларацијата на бугарскиот парламент од 6 март 1990 година, со кои официјално се тврди дека во Бугарија не постои македонска етничка група, како и ставот на владата и декларацијата. на парламентот од 9 ноември 2019. Бугарската влада да изјави официјално дека македонското малцинство повеќе нема да биде дискриминирано и оти неговите права ќе бидат заштитени.
2. Државата официјално да го признае постоењето национални/етнички малцинства во Бугарија и концептот на „национално малцинство“ да биде вграден во Уставот и да се заштитат правата на лицата кои припаѓаат на таквите малцинства. Да се направат потребните измени и појаснувања во Уставот и Законот за регистрација на невладини организации, со што ќе се оневозможи толкувањето на самоопределувањето на малцинствата и заштитата на нивните права како противуставни, антидржавни, загрозувачки на територијалниот интегритет и како основа за одбивање регистрација.
3. Ако Бугарија инсистира Бугарите во Македонија да влезат во македонскиот устав, тогаш ќе мора и Македонците да влезат во бугарскиот устав.
4. Бугарија да ја укине вештачката блокада пред регистрација на македонските организации за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права со нивно регистрирање.
5. Во идните пописи треба да се воведе посебна графа „македонски“ и при нејзиното спроведување јавно и официјално да се објави дека секој, што се чувствува како Македонец, може слободно да се идентификува како таков.
6. Изучувањето на македонскиот литературен јазик, култура и историја да се вклучи во образовните програми за децата од македонското малцинство, како и на државните универзитети. Истовремено, треба да се изменат основните образовни програми, за да не се исклучат македонската нација, малцинството и нивната историја, култура и јазик (нешто што не е ново, а во минатото се правеше во Бугарија, а потоа беше напуштено).
7. Државата да започне активен дијалог со претставници на македонското малцинство, за да ги решава решаваат постојните проблем на Македонците, а македонски претставник да влезе во Комисијата за малцинства. Дијалогот треба да започне веднаш, без да се чека признавањето на малцинството, бидејќи „признавањето од страна на малцинската држава не е предуслов за да се биде квалификуван да ја брани Рамковната конвенција“, и да се фокусира на примената на Рамковната конвенција за Македонците за конкретни прашања. членовите од Конвенцијата.
8. Да се преземат решителни мерки, за да се стави крај на говорот на омраза кон македонското малцинство и кон македонската нација воопшто, а истовремено активно да се промовира толеранцијата кон македонското малцинство.
9. Да се прекине, или да се смени работата на Комисијата за историски прашања со Македонија, прекинувајќи ги обидите на бугарската страна да ја искористи за наметнување на бугарската национална митологија во македонските училишта и како изговор за блокирање на евроинтеграциите на Македонија.
10. Бугарија да ја укине блокадата пред евроинтеграциите на Македонија и да се воздржи од поставување какви било услови кои не се во согласност со европските регулативи и пракса.
11. Бугарија да ги прифати научните факти и да престане со своето апсурдно негирање на македонскиот јазик и да го признае како остатокот од светот.
12. Бугарија да преземе мерки за обештетување на жртвите од политиката на прогон, дискриминација и асимилација на македонското малцинство и да се извини за својата антимакедонска политика која предизвика толку многу страдања. Да се објават досиејата на прогонителите и документите за овие процеси и да се распуштат одделенијата, кои во моментот се занимаваат со истата криминална активност и да се казнат учесниците во истата – стои во Декларацијата, која ја донесе Семакедонскиот собор одржан на 17 април 2022 година во Мелник, во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија.