Ни срам ни перде во владата за милионите украдени преку амбулантски возила (ФОТО + ВИДЕО)

Никој во владата вклучително и министерката за добро владеење Славица Грковска не реагира за околу 430 илјади евра де факто украдени народни пари преку тендер за набавка на амбулантни возила.



Според истражувањето на 360 степени иако Министерството за здравство можело да набави квалитетни возила за нешто над 1,5 милиони евра тоа во чуден тендер платило речиси 2 милиони евра за спорни возила кои не ги исполнуваат тендерските услови.

Разликата во цената на едно возило е 27 илјади евра односно со разликата во вкупниот тендер можеле да се набават уште најмалку 6 амбулантски возила.

,,Во крајна линија, од решението на Комисијата и информациите кои ги собравме дополнително, испаѓа дека дисквалификуваната фирма на тендерот на Министерството за здравство е најдобрата избрана на тендерот на Делегацијата на ЕУ. Што е последицата? Едно возило купено од Здравство ќе чини околу 90 илјади евра без ДДВ, додека оние што ги купи и донираше ЕУ, иако имаат незначително помалку медицинска опрема, чинеле драматично поевтино – околу 63 илјади евра по возило.

(Не)возможни димензии
Но, да одиме по ред. На 12 декември 2023 година, Министерството за здравство распишува оглас за јавна набавка на 22 амбулантни возила со надоградена медицинска опрема. Рокот за поднесување понуди е 5 јануари 2024 година, за кога е закажано и отворањето на понудите.

На 6 февруари е објавена одлуката за избор на најповолна понуда – онаа на Аутомобиле СК, овластен увозник на визила „фиат“ во земјава. На таквата одлука се жали единствената друга фирма која се јавила на тендерот – Еуроимпекс, овластен увозник на „пежо“ во земјава”, објавува 360.

Целата сторија и во видеото