Ни преговарач ни идна членка, зошто САД го спушти статусот на Македонија во ЕУ – Пишува Горан Момироски

За неколку дена од Вашингтон дојдоа пораки кои се спротивни и на фактичките и на состојбите на Македонија во врска со Европската Унија со кои се расфрлаат СДСМ и ДУИ.



Најнапред пред два дена заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар рече Македонија треба да биде ,,целосен кандидат и итен кандидат за ЕУ”.

Тогаш помислив дека Ескобар направил гаф кој македонските медиуми не го видоа но сега излегува дека американскиот дипломат не направил грешка туку можеби точно знае што зборува кога не ја споменува земјата за членка туку за статус кој Македонија го доби уште на Самитот на ЕУ во декември 2005 година.

Ескобар завчера ја потврди непоколебливата поддршка за Македонија и Бугарија, како две ценети членки на НАТО и рече дека дијалогот меѓу двете земји треба да се заснова на факти.

„Го охрабруваме дијалогот меѓу Македонија и Бугарија да остане врз основа на факти и вкоренет во заложбата Македонија да продолжи да има ЕУ перспектива. И верувам дека имаме осигурувања од Бугарија дека тие сакаат Македонија да биде дел од ЕУ. Сакаме да ги искористиме тие можности бидејќи Македонија треба да биде целосен кандидат и итен кандидат за членство во ЕУ.“, рече Ескобар.

Денеска кога американската амбасада во Скопје објави изјава на Ескобар во која тој повторно зборува за кандидат а не за членка на ЕУ станува јасно дека Вашингтон знае нешто повеќе од тоа што го знаеме ние овде во Македонија.

Според вокабуларот на Ескобар Македонија не е преговарач иако скринингот е веќе завршен туку е на пат да стане кандидат и затоа е крајно нелогично Ескобар да зборува за Македонија како иден кандидат за членство во ЕУ.

Иако Македонија не отвара преговори заради уставните измени со цел влез на Бугарите таа сепак е далеку од кандидат туку е земја преговарач што го знаат сите во ЕУ но не и сите во Вашингтон.

„С. Македонија треба да биде полноправен кандидат и непосреден кандидат за членство во Европската Унија. С. Македонија беше многу солиден партнер, и билатерално и во мултилатералните форуми како што се НАТО и ОБСЕ”, стои во изјавата на Габриел Ескобар, заменик помошник секретар, Биро за европски и евроазиски прашања пренесена од амбасадата на САД.

Ако реториката на Ескобар е обичен гаф тоа амбасадата на САД треба да го објасни за јавноста. Ако Македонија не е ни кандидат и тоа јавноста треба да го знае.