Нимиц ја одложи прес-конференцијата, блиску ли е решението?

Прес службата на Обединети Нации објави дека се одложува прес-конференцијата на медијаторот Метју Нимиц што требаше да се одржи во 12:15 часот денеска во Брисел.



Средбата пред 11 часот е одложена за еден час, но од ОН не даваат објаснување дали таа се одложува поради продолжување на состанокот меѓу Нимиц и преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис или, пак, почнала подоцна, откако вчера медијаторот имаше проблеми да стигне во Брисел поради снежната бура и откажувањето на летовите на бриселскиот аеродром.

Дали денеска во Брисел е постигнат напредок или повторно ќе има само најави за решавање ќе се знае по 13:15 ч., за кога е најавена новата прес-конференција на Нимиц.