Медијаторот во грчко македонскиот спор за името денеска во Брисел по средбата со преговарачите Наумовски и Василакис изјави дека има позитивна клима меѓу двете земји и дека на барање на двете страни закажал нови средби за јануари, февруари и март догодина за кога теоретски може да се очекува решение.
Како што јавува известувачот на Алфа ТВ од Брисел медијаторот е окуражен од конструктивноста на Скопје и Атина. Тој е оптимист затоа што климата за преговори е подобра но сепак не сака да дава надеж пред да се дојде до решение за името.
Нимиц денеска во Брисел изјавил дека и Македонија и Грција сакаат интензивирање на преговорите со цел решение на спорот и стабилизација на регионот што е од интерес за сите во сложените меѓународни околности.
Во врска со прашањето за идентитетот медијаторот на прашање на новинарите ја коментирал изјавата на премиерот Заев и министерот Димитров според кои доколку стане збор за идентитетот Македонија нема да преговара за идентитетските прашања.
Нимиц кој и самиот своевремено изјави дека се работи само за името без да се чепка во македонскиот идентитет денеска со дипломатски одговор според кој и самите разговори за името на државата значи дека се работи за идентитетско прашање.
Медијаторот е задоволен од подобрата клима и одсуство на иритирачки потези на некоја од страните, постоење на добар дијалог и конструктивни тонови што го прави оптимист но сепак е внимателен околу позитивниот исход на процесот.
Ниту тој ниту некој од преговарачите денеска во Брисел дал конкретен предлог за решение а преговарачите Василакис и Наумовски имале конструктивни идеи и предлози кои што можат да бидат од корист.
Според медијаторот нема магично решение на спорот кој што ќе мора да се реши врз основа на досегашните познати решенија и предлози на двете страни.
Фото ТВ Алфа






