Под наслов „Бомба од Нимиц“, атинска „Ефимирида“ вечерва пренесе дека Метју Нимиц, на средбите со грчката страна, не слушнал ништо што би го негирал идентитетот на народот на ПЈРМ.
Запрашан, на заедничката конференција со македонскиот министер Никола Димитров дали неговите предлози, покрај името, се однесуваат и на прашањето за националниот идентитет на македонските граѓани, Нииц одговори дека „тоа не е прашање на Обединетите нации“.
Тој побрза, пишува „Ефимирида“, да објасни дека од грчка страна не слушнал ништо што би го негирал идентитетот на народот во соседната земја.





