„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети.



Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени“.

Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4 Александар Николоски во гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на радио Лидер.

Николоски вели дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова е „политичка игра“, но тој уверува дека „поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот како што го одржавме дека нема да има измени на Уставот под бугарски диктат како што и немаше“.

Николоски вели дека се очекува зголемување на поддршката за кандидатката за претседател Гордана Силјановска во вториот круг – над 450.000 гласови, и предвидува победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори со над 400.000 гласови.