Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
„Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ.
Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување. Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари“ – категоричен е вицепремиерот Николоски.






