Николов: Македонци, не дозволувајте да се однесуваат кон Македонија како да е „нова“, илјадници години сме постари од тие што сакаат да нè контролираат

Македонскиот активист од Канада, Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, со нова порака до сонародниците.



„Македонци, престанете да дозволувате луѓето да се однесуваат кон #Македонија како да е ‘нова’. Независноста на (дел од) држава не е раѓање на нација. Ние сме илјадници години постари од империјалистите кои сакаат да нè контролираат“, порача Николов на Твитер.