Претседателот на “Солуција” Никола Димитров станал член на Групата на високо ниво за европска стратешка меѓузависност, што неодамна ја формираа Светскиот економски форум, Европскиот совет за надворешни односи и СајансПо.
Ова е нова иницијатива, која интегрира клучни експерти, актуелни и поранешни политички лидери и дипломати од цела Европа, чија цел е зајакнување на политичката и економска сила на ЕУ, а Димитров бил единствениот поканет член од Западен Балкан.
На првата Конференција што се одржа во Мадрид, Димитров зборувал за улогата на регионот во контекст на Европа како еден од глобалните центри на економска и политичка гравитација, презентирајќи ги предизвиците и интересите на Македонија и на регионот.
На маргините на Конференцијата, Димитров разговарал и со идниот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, изразувајќи му благодарност што во настапот го постави проширувањето високо во приоритетите на Унијата во рамките на неговиот претстоен мандат.








