Никола Груевски – почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Долгогодишниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој поднесе оставка, денес на вонредниот Конгрес на партијата во Валандово, беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му беше врачена плакета за благодарност за неговата работа во партијата.



Во обраќањето до присутните тој изрази жалење што конгресот се одвива во емотивна атмосфера и под невообичаени околности кога партијата е истовремено нападната однадвор, но и под внатрешен притисок и неразбирлива реакција од некои од членовите на партијата.

„Овој конгрес е најава за нова победа и враќање на власт на Република Македонија. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го има 11 години. Кога имавме успешен напредок, кој ја движеше Македонија, имавме успешни резултати“, истакна Груевски.

Денес треба да биде избран и нов лидер на партијата, а за оваа функција парттијата го кандидираше досегашниот генерален секратар, Христијан Мицкоски.

На Конгресот, за кој триесетина членови на партијата побараа негово одложување, учествуваат 418 – откако денес пристигнале уште седуммина – од вкупно 544 делегати.

Конгресот изгласа резолуција за осуда на политичкиот прогон спроведуван од СДСМ и, како што е речено, монтираните судски постапки спроведени од СЈО и ОЈО, како и сите постапки поврзани со настаните од 27 април.