Противкандидатката на Доналд Трамп и пранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска ќе ја прекине кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, пишува, повикувајќи се на неименувани извори Wall Street Journal
Хејли планира накратко да разговара со новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.
Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа победи на непартиските избори во 14 од вкупно 15 сојузни држави на САД.
И покрај тоа што поранешниот претседател Доналд Трамп е фаворит за номинацијата за републиканците, Ники Хејли продолжи да се натпреварува.
Таа ја постигна својата прва победа во дистриктот Колумбија, во текот на викендот, но таа има малку повеќе од симболична важност.
Со нејзино повлекување, номинацијата на Трамп за републикански кандидат на ипретседателските избори во ноември е речиси сигурна.






