Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот, изјави синоќа претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на Канал 5. Во емисијата „Само интервју“, таа додаде и дека Грција или ЕУ треба да ја советува Бугарија, зашто се тврди дека нема преговори за историја, култура, наследство и јазик, а ние, како што рече, токму тоа го правиме во историските комисии.

- „Ниту еден член од Договорот (за пријателство и добрососедство) со Бугарија не вели дека треба да го смениме Уставот. Му кажав на Макрон дека неговата филозофска теза за ЕУ е исклучителна, но филозофијата не може без принципи и вредности. ЕУ има предвидено санкции доколку некоја земја-членка ги прекрши основните вредности и принципи. Без темелни вредности нема ЕУ, како филозофија на демократијата“, кажа Сиљановска.
Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот.





