Не успеа барањето за отповик на претседателот на Собранието Африм Гаши

Собранието на Република Македонија со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, вечерва, не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Против интерпелацијата гласаа пратениците од парламентарното мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ – за наша Македонија. Поддршка дадоа поднесувашите на иницијативата за отповик Левица и СДСМ.