За деталите од денешното сценарио што го прави ДУИ внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДСМ да му се јават со кои ја крадеа Македонија“, се наведува во соопштението од владејачката партија.
Реакцијата на ДУИ доаѓа откако пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на ДУИ, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците.





