За време на свечената парада на спортистите на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз каде учесниците од 205 земји „продефилираа“ низ реката Сена, македонските олимпијци ги поздравија домаќините – околу 300.000 парижани и гости од странство – свртени на погрешна страна.



„Македонците се свртеа на погрешна страна, па камерите ги снимија одзади додека го вееја знамето и ги поздравуваа насобраните навивачи од чамецот.

Треба да се напомене дека не се единствените, слична грешка направи и делегацијата на Луксембург“, објави порталот „Спортски,мк“.