Иако дојде до третата титула во Евролигата, Перо Антиќ, покрај Кире Лазаров најпознат, па и најуспешен спортист од Македонија, крилниот центар на Црвена Звезда не може да биде во конкуренција за спортист на Македонија затоа што одбива да игра за нашата прва репрезенатција. Ова е објаснувањето на директорот на Агенцијата за Млади и спорт при соопштување на детали за гласањето за најпрестижното индивидуално спортско признание во земјава.
„Тоа е пресудниот фактор и еден од предусловите кои што се пропишани според правилникот, ако не играте за репрезентацијата не можете да бидете наградени од Република Македонија. Но, и тоа се работи за кои треба да дебатираме и на најдеме најдобро решение кое би ги задоволило сите“, изјави Каевски и веројатно има поддршка од голем дел разочарани што нашата кошаркарска репрезентација падна на најниско ниво најмногу поради отсуството на Перо Антиќ, но и неколкумина други.