Младиот Бразилец наводно излегол голем и им се извинил на колегите на синоќашниот тренинг на ПСЖ за непријатноста што се случи при последниот натпревар на светците кога тој и Кавани во мечот против Лион (2-0) во два наврата влегоа во отворен конфликт за тоа кој да ги изведува слободните удари односно пеналите. Нејмар кој летово дојде на Паркот на принцовите за 222 милиони евра се повлекол во интерес на екипата, по што тренерот Унаи Емери побрза да соопшти дека Уругваецот Кавани останува прва опција на ПСЖ за изведување пенали, а Нејмар ќе биде негова замена.
https://youtu.be/vEo2tFdIBPo





