Лидерот на бугарската партија ВМРО – БНД Красимир Каракачанов кој е вицепремиер и министер за одбрана јавно го поддржа потпишувањето на договорот со Македонија.
Во утринска програма на бугарската национална телевизија Каракачанов кој целата своја политичка кариера ја градеше на антимакедосни позиции а во исто време го наследи имотот на историската ВМРО во Софија вели дека и тој учествувал во преговорите за договорот.
Според него во Македонија и Бугарија живее еден народ со заедничко минато.
Токму дефинирањето на историјата е еден од клучните проблеми во договорот за кој се преговара уште од 2008 година а за различни делови од него разговараа и експерти од двете држави.
Поддршката на бугарскиот националист Каракачанов за договорот значи дека тој нема да ги задоволува македонските барања за неспорење на идентитетот, јазикот и нацијата.
Што мисли тој за Македонија покажа кога по негов налог македонскиот премиер Заев во Софија беше дочекан со банер на кој пишуваше „Добредојде дома“ односно дека Македонија конечно се враќа во прегратките на „мајка Бугарија“.
Еден од најспорните моменти во договорот кој сеуште е тајна е барањето на Бугарија сите македонски историски ликови пред 1944 година да можат да бидат дефинирани како заеднички херои односно како Бугари затоа што според Софија македонската нација е создадена по втората светска војна.
Миннистерката за надворешни работи Екатерина Захариева во неколкуте изјави во врска со договорот прво изјави дека со признавањето на македонската држава Бугарија во 1991 година го признала уставот со што го признала и македонскиот јазик за вчера да изјави дека договорот е национален интерес на Бугарија која со тоа ќе ги заштити историските и културните вредности на Бугарија во Македонија.
https://www.facebook.com/zdravko.kitanoski/videos/10208745873478167/






