Ема Нешковска, кандидат на СДСМ за пратеник од Гостивар вели дека на изборите на 24 април СДСМ ја прими пораката од граѓаните и го слушна нивното размислување.
„Ги прифаќаме грешките од минатото и не се изземаме од одговорноста за нив. Сведоци сме и гледаме дека наши доскорешни сопартијци и другари се приклучуваат кон политичко движење кое очигледно му помага на ДПМНЕ да ги оствари своите интереси и цели.
Истите со кои заедно крваревме и со кои се боревме за слобода, во тоа нема идеологија, нема визија и нема план за иднина.
На 8 мај почнуваме од нула, а секој глас даден за СДСМ и за коалицијата „За европска иднина“ значи спречување на авторитарна власт и спречување на нов силен режим во државата“, повика Нешковска.
Нејзината „исповед“ и жал за другарите доаѓа по признанието на лидерот Димитар Ковачевски дека партијата во минатото правела грешки.
„Ја прифаќаме одговорноста и свесен сум и јас, но треба да биде свесен секој член на СДСМ, секој функционер кој ја претставувал партијата во изминатите седум години дека е ова оценка за сите.
Ова е оценка за однесувањето на сите, ова е оценка за тоа како работеле и ова е оценка за тоа како се однесувале и кон своите соседи и кон своите пријатели и кон пошироката јавност,…
Нас ни е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќање на сопствените грешки“, истакна Ковачевски по дебаклот на нивниот кандидат на првиот претседателски клруг во средата.






