Нетанјаху: „Тешка грешка на Хезболах што се обиде да ме убие мене и сопругата“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека обидот на иранскиот Хезболах да го убие него и неговата сопруга е „тешка грешка“, откако неговиот портпарол изјави дека беспилотно летало било лансирано од Либан во неговата крајбрежна резиденција во израелскиот град Цезареја.



Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека ниту тој ниту неговата сопруга не биле во крајбрежното одморалиште меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата.

„Хезболах, сојузник на Иран кој се обиде да ме убие мене и мојата сопруга, направи огромна грешка“, рече Нетанјаху во изјавата.

„Им велам на Иранците и нивните партнери во „Оската на злото“: секој што ќе се обиде да им наштети на граѓаните на државата Израел ќе плати висока цена.

Ова нема да ме одврати мене, ниту државата Израел, да продолжиме со нашите праведна борба против нашите непријатели за да ја обезбедиме нашата иднина“, објави Нетанјаху на ‘Х“.

Ниту една од групите кои го напаѓаа Израел во изминатата година не ја презеде одговорноста за нападот.