Одговарајќи на предупредувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека САД може да ја запре испораката на оружје за Израел поради поради планираната операција во Газа, премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека ако треба, Израелците се подготвени да се борат со своите „нокти“,пренесе Rojters



Администрацијата на Бајден објави дека не може да поддржи голем упад во Рафах во отсуство на веродостоен план за заштита на цивилите.

Израел пак, смета дека победата во седуммесечниот конфликт е невозможна без заземањето на Рафах.

Владата на Нетанјаху молчеше додека Вашингтон ја одложуваше пратката бомби,  се додека Бајден не излезе во јавност со изјава дека тоа е дел од предупредувањето на САД до Израелците да не „влегуваат во Рафах“.

„Ако треба да останеме сами, ќе останеме сами“, рече Нетанјаху.

„ Ако треба, ќе се бориме со голи раце#, рече тој во видео изјава.