Во одговор на прашањето што може да се очекува во блиска иднина во однос на приближувањето меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија, бугарскиот патријарх Неофит изјави дека постои консензус за прашања поврзани со иднината
„Претстојат интензивни средби и разговори. Се обидуваме да слушаме со внимание, да го одржиме добриот тон, да се сретнеме со архиереите и со луѓето од кои зависи придвижувањето на ова прашање.
Фала му на Бога што имаме консензус за главните прашања за идното единство“ , истакна бугарскиот патријарх за агенцијата БГНЕС.
МПЦ-Охридска архиепископија минатата есен побара од БПЦ да биде нејзина Црква-мајка и да се избори за нејзината автокефалност.
Светиот синод на БПЦ формираше специјална комисија за решавање на прашањето и веќе беа одржани првите средби. Во Софија дојде лично и поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан.





