Снема струја на гласачко место во Тетовo

На едно гласачко место во тетовско гласачкиот процес би можел да биде доведен во прашање заради немање струја во регионот на Шарпланина .
Локалната изборна комисија од гласачкото место е во постојан контакт со екипите на ЕВН, од каде добиле информација дека се работи на отстранување на дефектот, пренесува Алсат-М.
Засега нема подетални информации кога би можел да биде проблемот комплетно отстранет.
Во Тетово Теута Арифи од ДУИ, во вториот круг за избор на градоначалник на општината се соочува со лидерот на партијата Беса, Биљал Касами.