Нема селективност: Пари од Владата добија и градоначалници од СДСМ

Одлуката за распределба на средствата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините не е политичка. Има општини што ги предводат градоначалници од СДСМ, а што добија средства како на пример Делчево, Берово, Крива Паланка… Ако беше политика немаше да добијат, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА.



Тој не сакаше да ја коментира изјавата на градоначалничката на Град Скопје која ваквата владина одлука ја нарече пресметка со неистомисленици. Вели проблемот во главниот град е системски и со ниту една интервентна мерка не може да се сменат работите. Посочува дека на наменската сметка на Град Скопје стојат 650 милиони денари коишто повеќе од две години не се користат за ништо, а се наменети за булеварско решение што, според него, укажува на немање капацитет.

– За жал, изминатите две-три години имаме проблем затоа што системот во целост е дерогиран. Со ниту една интервентна мерка не може тоа да го смениме. Во суштина треба да се предложи системско решавање за сите проблеми коишто се наталожени на територија на Град Скопје. Дополнително на наменската сметка на Град Скопје лежат 650 милиони денари што повеќе од две години не се користат за ништо, а се наменети за булеварско решение во рамки на градот. значи од една страна евидентно е немањето на капацитет, а од друга страна потребен е системски пристап за решавање на проблемите по сите основи – имаме проблем со собирањето на сметот, проблем со долгот на Град Скопје, долгот на јавните комунални претрпијатија, јавниот превоз… нагласува Перински.

Целиот текст прочитајте го тука.