Нема повисоки плати за вратоврски (ВИДЕО)

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се откажа од намерата двојно да си ја зголеми својата плата и платите на членовите на владата, по жестоката реакција на граѓаните и по толкувањето на Антикорупциската комисија, која оцени дека таквата одлука е нелегална.



По веста дека премиерот сам си ја зголемил платата со објаснување дека „костумите и краватите чинат“, беше организиран протест во Приштина на кој граѓани во „хуманитарна акција“ даруваа вратоврски и кошули за премиерот.

Исто така, и 30 пратеници од Собранието на Косово побараа мислење од Уставниот суд за одлуката што владата на Косово ја донесе на 20 декември минатата година.

Во интервјуто за приштинските медиуми, Харадинај, тогаш изјави изјави дека си јазголемил платата на 2.950 евра поради потребата да купува кошули и вратоврски што му се потребни за вршење на функцијата премиер.

http://https://youtu.be/QWHLelX3FL4