Триесеттина автобуси на ЈСП пак не се во сообраќај. Причината е што возат на метан, а заради блокираната сметка на претпријатието, не можат да му го платат веќе постоечкиот долг на добавувачот, за да можат пак да ги наполнат автобусите. Ова за „Алфа“ го потврдил генералниот секретар на синдикалната организација „СПАЈС“, Меџит Идризи.
„Возилата кои што се на метан се повлечени во гаража, затоа што немале метан. Тие се скоро 30 возила што се на метан. Еве 24-те денес немаше возила. Што ќе правиме сега за 16-ка затоа што тие возила што возат на метан вртат вртат само 24-та, Кисела Вода, 16-та Пржино и другите останати за кај Инџиково, еве 60-ка денес немаше 60-ка“, вели Меџит Идризи, генералниот секретар на синдикалната организација „Спајс“.
Идризи вели дека поради замрзнатата сметка на ЈСП, вработените се плашат деќа ќе останат и без декемвриските плати, но и оти трпат притисоци .
„Револтирани се многу возачите и вработените во ЈСП, затоа што ако нема плата во петок, што ќе биде понатака. Сега пак треба да бидеме пред гаража со медиуми со тие работи. После 16 не знам што ќе биде. Има и разни притисоци врз вработените. Ако почнат да зборат има нафта, нема нафта и слично и одма дисциплинска постапка, без потпишување изјава, без ништо и така ги казнуваат многу вработените во ЈСП, особено возачите“, вели Меџити.






