Ниту криминал ниту корупција – Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Битола

Основното јавно обвинителство од Битола ја отфрлило кривичната пријава против градоначалникот Тони Коњановски за организирањето на годинешното издание на битолското културно лето „Битфест“, објави порталот Независен.



Кривичната пријава била поднесена анонимно од граѓанин со цел да се испитаат наводите дали имало незаконитости во организацијата околу отворањето на битолското културно лето со музичкиот спектакл „Ѕвездена симфонија“, пишува долисничката на порталот од Битола.

Од ОЈО Битола за „Независен“ потврдуваат дека во случајот нема „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

„По целосно спроведување на предистражната постапка, донесено е решение за отфрлање на кривичната пријава бидејќи во дејствијата на осомничениот како службено лице – градоначалник на Општина Битола не се содржани ниту обележјата на кривичното дело ‘Злоупотреба на службената положба и овластување’ од чл.353 ст.1 од КЗ, нити обележјата на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност“, одговорија од прес-службата на ОЈО на Битола за „Независен“.

„Битфест“ се одржал на 3 јули годинава на Градскиот стадион во Битола со голем спектакуларен настан на кој настапиле познати музички ѕвезди Каролина, српската победничка на „Евровизија“ – Констракта, „Паркети“, „Супехикс“ и Камерниот оркестар од Битола.

Кусо потоа се обзнани во медиумите дека поднесена е кривична пријава до градоначалникот Коњановски затоа што Општина Битола без јавен повик, туку со одлука на интерната комисија за евалуација организацијата за отворањето на битолското културно лето му ја доделила на Здружението „Мјузик арт“.

Целата информација за отфрлањето на кривичната пријава против Коњановски на овој линк.

За каков спектакл се работи од галеријата на Бабам Битола