
Калифорнија забрани учениците да користат мобилни телефони внатре во училиштата. Тамошниот гувернер ги повика сите други области да го направат истото. Надлежните велат дека целта на оваа одлука е да се зачува успехот на учениците во училиштето и општата благосостојба. Како еден од аргументите во прилог на забраната биле наведени студии кои покажуваат дека употребата на мобилни телефони и особено социјалните мрежи има негативно влијание врз учењето, го преокупира вниманието на младите, но и негативно влијае на нивните меѓучовечки односи.
Одговорните се надеваат дека укинувањето на мобилните телефони ќе придонесе за подобри резултати на учениците, нивно поголемо фокусирање на часовите и за подобрување на меѓусебните односи. „Децата нека бидат деца“ е пораката од комисијата која гласала за забраната.
Пред да го применат во пракса, училишните одбори ќе се обидат да го откријат најдобриот начин за спроведување на забраната. Некои од предлозите сугерираат мобилните телефони да се заклучат во посебни прегради на почетокот на часовите и да им се вратат на учениците на крајот од часовите. Покрај Калифорнија, слични иницијативи се појавуваат и низ остатокот на САД, во Европа, па дури и во регионот. Некои веќе посочуваат дека голема кампања може да биде успешна во решавањето на зависноста од мобилни телефони, како што беше, на пример, онаа против пушењето во САД.




