Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.
– Односите со коалицискиот партнер Вреди се одлични – рече Мицкоски.
Изјавите на премиерот доаѓаат по изјавата на вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити кој обвини дека министерот Таравари сè уште не расчистил дали останува со Вреди или гледа можност за соработка со ДУИ.





