На 10.03.2025 во 00.35 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода лице(49) од Кичево кој управувал патничко возило „опел“ без регистарски ознаки.
Покрај тоа било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Ден претходно, на 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода лице(63) од Штип кој под дејство на алкохол управувал патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






