Нема веќе “златна виза” за Малта за само милион евра

Највисокиот суд на Европската унија пресуди дека Малта мора веднаш да ја прекине својата програма за „златни пасоши“, која им овозможува на богатите странци да купат државјанство за инвестиција од околу 1 милион евра, бидејќи оваа практика го крши законот на Европската унија, објави Фајненшненел тајмс



Во 2022 година, Европската комисија поднесе тужба против Малта поради „шема“ што доделува не само национално, туку и европско државјанство, обезбедувајќи право на слободно движење, престој и работа во сите земји-членки на ЕУ.

Во својата пресуда, Судот нагласи дека иако земјите-членки имаат право да ги утврдат условите за доделување државјанство, шемата на Малта го поткопува принципот на меѓусебна доверба меѓу земјите во Унијата.

„Држава-членка не може да го додели своето државјанство – а со тоа и европско државјанство – во замена за однапред одредени плаќања или инвестиции, бидејќи тоа во суштина го претвора стекнувањето државјанство во чисто комерцијална трансакција“, се вели во одлуката.

Малта постојано инсистираше дека нејзината програма е компатибилна со европските договори, а по почетокот на војната во Украина, земјата престана да издава пасоши на руски и белоруски граѓани, но ја продолжи шемата за други националности.

Одлуката на судот става крај на долгогодишната практика која предизвика критики за ризици од корупција, перење пари и закана за безбедноста во рамките на ЕУ